На 26 октомври 2026 година беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ и Здружението за поддршка, соработка и социјална правда „СЛОБОДА ИСКРЕНОСТ ЛОЈАЛНОСТ АКЦИЈА – СИЛА“ – Скопје.
Со потпишувањето на овој меморандум се воспоставува основа за зајакнување на меѓусебната соработка, поддршката и заедничкото делување во насока на создавање подобри можности за учениците и унапредување на социјалната правда.
Соработката меѓу образовните институции и граѓанските здруженија е важен чекор кон градење општество во кое младите ќе имаат повеќе можности за личен развој, стекнување знаења и вклучување во заедницата.
Здружението СИЛА останува посветено на иницијативи што поттикнуваат соработка, општествена одговорност и создавање подобри услови за идните генерации.
Заедно за нашите ученици, за подобри можности и за подобра иднина! 🤝🇲🇰


