Македонскиот дух не познава граници. Каде и да живеат, Македонците ги поврзуваат љубовта кон татковината, јазикот, културата и традицијата.
Здружението СИЛА ја поддржува соработката со македонските здруженија во Швајцарија, со цел зајакнување на меѓусебните врски, единството и заедничкото делување во интерес на македонската заедница.
Нашите иселеници се важен дел од македонската приказна. Преку својата посветеност, тие придонесуваат за зачувување на националниот идентитет и за пренесување на македонските вредности на помладите генерации.
Кога сме обединети, сме посилни. Кога соработуваме, го чуваме она што нè поврзува.






