Здружението СИЛА донираше средства за обновување на црквата „Свети Илија“ во Орашец – Кумановско

Здружението СИЛА донираше парични средства за обновување на црквата „Свети Илија“ во селото Орашец, Кумановско.

Со оваа донација, СИЛА дава свој придонес во зачувувањето на духовното и културното наследство, како и на верските објекти што имаат значајно место во животот на локалната заедница.

Грижата за нашите цркви, традицијата и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација претставува важен дел од грижата за нашите корени и иднината.

СИЛА продолжува да ја поддржува заедницата преку конкретни дела, со почит кон верата, традицијата и македонското наследство.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *